Фали уште едно „да“ за Ливерпул да направи мега продажба!

Ливерпул се изнакупува во овој преоден рок, но не планира да прекине, го сака и Александер Исак, а за да го направи тоа потребни им се и продажби, еден од оние кои се на излезна врата е Дарвин Нуњез.

По продажбата на Луис Диаз во Баерн Минхен, Ливерпул е на добар пат да го продаде и Дарвин Нуњез за многу пари.

Ливерпул и Ал Хилал постигнале договор за обештетувањето. Саудијците ќе платат 53 милиони евра плус уште доста пари во бонуси.

Се чека само согласност од Нуњез за трансферот да биде комплетиран.

Во моментов Ал Хилал преговара со Уругваецот за личните услови и се верува дека ќе најдат заеднички јазик.

Тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги има голема желба во нападот на својот тим да го види Нуњез, па клубот нема да штети за да го убеди да каже „да“.