
Барселона, конечно, се враќа во Камп Ноу!
Градскиот совет позитивно одговорил на вчерашното барање од клубот да игра на својот стадион, почнувајќи од дуелот против Валенсија во четвртото коло од шпанското првенство. Натпреварот е на програмата викендот на 13 и 14 септември, а на него ќе можат да присуствуваат најмногу 27 илјади гледачи.
Поради реновирањето на стадионот, Барселона побара првите три кола од Ла Лига да ги игра како гостин, но брзањето е поради Лигата на шампионите бидејќи ако пријави друг стадион, екипата нема да може да игра на Камп Ноу до крајот на лигашкиот дел, во јануари.