Американците издоминираа во четвртфиналето во Торонто

Американските тенисери Тејлор Фриц и Бен Шелтон ќе играат меѓу себе во полуфиналето во Торонто откако без загубен сет ги поминаа четвртфиналните пречки.

Фриц со 2-0 го совлада рускиот тенисер Андреј Рубљев (6-3, 7-6) за 83 минути игра и потврди дека четвртото место на АТП листата не е случајно. Една од најважните причини за неговиот триумф беше фантастичниот сервис имајќи предвид дека оставри дури 20 аса, за разлика од противниикот кој имаше само шест.

Шелтон загуби повеќе гемови од својот сонародник (6-3, 6-4), но остана повеќе време на теренот (92 минути) во дуелот со Де Минор од Австралија. И тој имаше предност во сервисот, оствари 11 аса, а Де Минор само еден со тоа што Австралиецот освои са,мо 66% поени на прв сервис.

Шелтон веќе освои 200 бода повеќе во однос на минатата сезона кога станува збор за турнирот во Торонто, а ако дојде до титулата ќе го прескокне Новак Ѓоковиќ на шестото место.