Конечно: Шешко донел одлука, познат е неговиот нов клуб!

Се чини дека трансфер сагата на Бенјамин Шешко е пред самиот крај, словенечкиот фудбалер донел одлука за својата иднина.

Според познатиот англиски новинар Дејвид Орстејн, Бенјамин Шешко го одбрал Манчестер јунајтед.

Лајпциг ја прифати понудата на Њукасл, но Шешко сепак одлучи негова следна дестинација да биде Манчестер јунајтед.

Во наредните денови трансферот треба да биде комплетиран.

Ваквиот развој на настаните му создава проблем на Александер Исак кој речиси сигурно ќе заминеше во Ливерпул доколку Њукасл го добиеше Шешко.

Сега останува да се надева дека Њукасл ќе најде нов напаѓач за тој да може да премине на Енфилд.