
И Мурињо е само човек: Се расплака на прес-конференцијата на Фенербахче (ВИДЕО)
Коста почина откако доживеа срцев удар при гостување на една емисија, а докторите не успеаа да го спасат неговиот живот. Стануваше збор за легендарен стопер и капиен на Порто кој го предводеше тимот во најславната генерација од 2004 година која со Мурињо стигна до тронот на Европа
Беше Коста и репрезентативец на Португалија за која собра 50 настапи, додека за Порто дојде до бројката од речиси 400. Посебно погоден од веста за неговата смрт беше Жозе Мурињо кој на прес-конфернцијата на Фенербахче не ја криеше тагата и се расплака.
„Си замина дел од мојата историја. Имате капитени и лидери, но некогаш не станува збор само за тоа, туку и за тоа што претставувате. Жорге беше едно момче за кое сакав да кажам дека го „чистат ѓубрето“ и оставаат тренерите да си ја вршат работата како тренери, а не како лидери на соблекувалната. Тоа е совршено за еден тренер, кога неговиот капитен може да ја извршува таа задача. Многу сум тажен, но да го заборавиме фудбалот и да се фокусираме на него како човек, неговите деца беа мали кога ги запознав. Навистина сум многу тажен, но знам дека кога би бил тука сега би ми кажал: „Ајде оди заврши ја таа конференција и играј утре, победи и заборави на мене“. Тоа беше Жорге, па јас ќе се обидам да ја завршам својата работа и да плачам потоа. Денес и утре имам работа која Жорге, сака да ја завршам“, порача Муињо.
Мурињо објави на социјалните мрежи и фотогрфија со Жорге под која исто така истакна што би му кажал Жорге да направи.