
Ристовски и Елези ќе имаат нов тренер, Зекиќ го напушти кормилото на Сарајево!
ФК Сарајево утрово објави дека Зоран Зекиќ си поднел неотповиклива оставка од тренерската функција.
„Ги информираме навивачите и целокупната јавност дека Зоран Зекиќ си поднесе неотповиклива оставка на тренерската позиција на ФК Сараjево“, соопшти босанскиот клуб.
Сараjево имаше разочарувачки старт на сезоната. Испадна од Конференциската лига во второто квалификациско коло, а на стартот од домашното првенство одигра 4-4 со Радник Бјелина иако имаа водство од 3-0.