Охрид ќе биде предводен од еден од најдобрите српски ракометни тренери!

Ракометниот клуб Охрид од наредната сезона ќе биде предводен од српскиот стратег Борис Ројевиќ кој е еден од најтрофејните во последните години кај нашиот северен сосед.

Амбициозниот проект на Охрид ќе продолжи да се развива со српски тренер со кој клубот потпиша тригодишен договор.

„Српскиот ракометен стратег Борис Ројевиќ од лето го презема ГРК Охрид. Тој ќе биде на чело на клубот во наредните три сезони. Претходно Ројевиќ работеше во РК Војводина од Нови Сад, Србија, каде остави голема трага освојувајќи бројни домашни и меѓународни трофеи“, стои во соопштението на Охрид.