
Охрид ја растури Струга во езерското дерби
Охрид го отвори мечот со 10-1, по што на Струга ѝ дозволи да постигне само седум погодоци до крајот на првото полувреме (24-7) кога практично беше решено прашањето за победникот.
Струга не можеше да му парира на моќниот Охрид ниту во вториот дел, па така домаќинот продолжи да ја зголемува предноста до конечни 40-16.
Цирар и Никола Ристески постигнаа по седум голови за Охрид, додека Атанасовски погоди шест пати за Струга.