Киву задоволен и покрај поразот: Одигравме одличен натпревар

Интер го доживеа вториот пораз во третото коло од новата сезона откако вечерва загуби во дербито со Јувентус со 3-4.

„Нераѕурите“ беа блиску до победа бидејќи до 83. минута водеа со 3-2, но во финишот примија два гола и останаа на само три бода во досегашниот дел од Серија А. И покрај поразот, тренерот Кристијан Киву е задоволен од играта на своите фудбалери.

„Пред се, морам да кажам дека одигравме одличен натпревар, како во првото, така и во второто полувреме. Два пати бевме во негатива и дојдовме до пресврт, но нешто ни недостасуваше во последните десетина минути. Видов многу добри работи вечерва, како и во второто полувреме од дуелот со Удинезе кога исто така не освоивме бодови. Продолжуваме, мораме да прецртаме некои работи кои се случија за да имаме мир и фокус за добри резултати“, рече Киву.

Шанса за втората победа во сезоната, Интер ќе има идниот викенд кога го пречекува Сасуоло, но во меѓувреме го очекува гостување кај Наполи во Лигата на шампионите.