Изгледа до Јунајтед е - на Хојлунд му требаа само 14 минути за првиот гол во Наполи (ВИДЕО)

Данскиот репрезентативец Расмус Хојлунд ја продолжи серијата одлични настапи на поранешните фудбалери на Манчестер Јунајтед кои сега играат во други клубови.

Сезоната тој ја почна во дресот на клубот од Олд Трафорд, но со оглед на тоа што Јунајтед донесе нови напаѓачи, Хојлунд не беше во прв план и не одигра ни минути во првите три кола во кои екипата оствари по една победа, пораз и реми, со гол разлика 4-4. Јасно беше дека треба да биде продаден или испратен на позајмица, па пред крајот на преодниот рок се пресели во Наполи како големо засилување во нападот.

Вечерва Данецот го забележа своето деби во дресот на Наполи и по саммо 14 минути игра го постигна првиот гол за новиот тим. Наполи гостува кај Фиорентина, Де Брујне го отвори резултатот во шестата минута од пенал, а потоа Хојлунд зголеми на 2-0, резултат со кој се замина на голем одмор.