Трет пораз за Вест хем: Тотнем го понижи градскиот ривал (ВИДЕО)

Тотнем ја продолжи мизеријата на Вест хем во новата сезона во Премиер лигата, откако го доби лондонското дерби со 3-0 во четвртото коло од шампионатот.

Вест хем имаше неколку добри шанси на почетокот на мечот преку Лукас Пакета, но не ги искористи, по што казната пристигна во второто полувреме.

Сар со глава го матира голманот на „чеканите“ во 47. минута, а потоа Соучек доби директен црвен картон. Тоа беше почетокот на проблемите за Вест хем, кои знаеше како да ги искористи Тотнем и со голови преку Бергвал и Ван де Вен да стигне до 3-0.

Фото: Facebook/Tottenham Hotspur

Standings provided by Sofascore