Баерн немаше милост: Хамбургер доби „петарда“ во Минхен (ВИДЕО)

Германскиот шампион Баерн Минхен имаше уште едно моќно издание во Бундеслигата, откако на домашен терен го распарчи Хамбургер со 5-0.

Баварците беа одлични во првото полувреме, во кое постигнаа дури четири голови. Сè започна преку Гнабри во третата минута, а продолжи со голот на Павловиќ во деветтата. До крајот на првиот дел стрелаа и Кејн и Дијаз.

Баерн го намали притисокот во вторите 45 минути, но успеа да постигна уште еден погодок, и тоа повторно преку Кејн за триумф од 5-0.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Bayern Munich