Извонредно издание и гол на Барди, но Коња загуби на домашен терен (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го постигна вториот гол оваа сезона откако вечерва погоди во дуелот против Аланија на домашен терен.

Нашиот фудбалер погоди во 51. минута и во тие моменти го израмни резултатот, но не успеа да донесе барем бод од овој меч. Аланија подоцна постигна уште еден погодок и славеше со 2-1, нанесувајќи ѝ го првиот пораз на Коња оваа сезона. Капитенот на македонската репрезентација одигра извонреден меч и доби највисока оценка од сите фудбалери на Коња.

 

 

По четири одиграни кола, тимот на Барди има седум освоени бода во турската Суперлига откако ги победи Ејуп и Газиантеп, а одигра нерешено со Гестепе.