
Челси не го издржа судиското продолжение - во 93. минута остана без два бода (ВИДЕО)
„Сините“ одиграа 2-2 на гостувањето кај градскиот ривал и покрај тоа што до 93. минута имаа резултат кој им носеше победа. Мареска одлучи да го почне натпреварот без некои од најдобрите играчи во екипата, па затоа дури во второто полувреме Челси покажа знаци на живот.
Дотогаш Шаде го донесе Брентфорд во водство од 1-0 и со тој резултат се замина на голем одмор. На почетокот од второто полувреме во игра влегоа Рис Џејмс и Марк Кукуреља, нешто подоцна и Кол Палмер и тоа веднаш се почувствува во играта на овој тим. Палмер погоди само четири минути по влегувањето, а во 85. минута Каиседо го комплетираше пресвртот по кој се чинеше дека Челси ќе си замине со трите бода. Два му откина Карваљо кој искористи една слаба реакција на гостинските фудбалери во 93. минута и ја затресе мрежата на Челси за конечни 2-2.
По ова коло Челси ќе остане на петтата позиција на табелата, но разликата со Ливерпул може да се кажи на четири бода ако „црвените“ утре го победат Барнли на гостински терен.