Прва победа на Атлетико, дури во четвртото коло (ВИДЕО)

На Атлетико Мадрид му беа потребни дури четири кола да дојде до првата победа во новата сезона.

Вечерва на домашен терен, Атлетико го победи Виљареал со 2-0, нанесувајќи му го првиот пораз на овој тим кој до ова коло беше и најефикасен во лигата. Триумфот на мадридскиот состав го најави Бариос уште во деветтата минута, по асистенцијата на Хулијан Алварез, но и грешката на одбраната на гостите. Конечните 2-0 ги постави Нико Гонзалес кој го искористи додавањето на Љоренте.

Пред денешното коло, Атлетико имаше два нерешени резултати, против Елче и Алваес и пораз од Еспањол на стартот.