Oхрид го чека „жешка“ атмосфера, Пелистер ги распродаде билетите за дербито!
Така салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место, но и Охрид нема да биде без поддршка затоа што гостите претходно најавија присуство на 250 свои навивачи.
Првиот натпревар сезонава меѓу двата ривали кои се играше во Охрид заврши без победник (28-28).
Дуелот денеска е во терминот од 18:00 часот.
