Грчки АЕК го изненади Еурофарм Работник и го освои Струшкиот турнир

Грчки АЕК славеше во финалето на Струшкиот турнир против Еурофарм Работник со 27-23 и така ја освои титулата.

Еурофарм играше солидно против АЕК, па за нијанса беше подобар противник и на полувреме замина со водство од 14-13.

Во второто полувреме АЕК заигра многу пообро, па со серија од неколку голови најпрво стигна до 22-18, а потоа го одржуваше водството и ги постави конечните 27-23.

Најдобри во редовите на Еурофарм Работник беа Невен Стјепановиќ и Елмир Граџан со по шест гола.