Ѓорче Петров го надигра Вардар и ќе се бори за трофеј во Купот

Ракометарките на Ѓорче Петров триумфираа со 39-18 против Вардар во салата „25 мај“ во Радовиш и се пласираа во финалето на Купот на Македонија.

Ѓорче Петров ја презема контролата од самиот старт на натпреварот и првото полувреме го доби со 19-12, по што Вардар влезе во серија грешки и му дозволи на ривалот до крајот на мечот да ја зголемува предност до конечни 39-18.

Најефикасна во победничкиот тим беше Ана Марија Коларовска со шест голови, додека Леона Миленовска постигна шест погодоци за Вардар.

Ѓорче Петров во финалето на Купот ќе се бори против победникот од мечот меѓу Металург и Чаир.

Фото: Facebook/Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница