Бутел ги освои првите бодови во плеј-офот - со пресврт го совлада Охрид!

Ракометарите на Бутел приредија изненадување и во рамките од шестото коло во плеј-офот ги освоија првите бодови совладувајќи го Охрид на гостински терен со 29-31.

Домаќините по почетното водство на Бутел од 0-1 го наметнаа своето темпо и во последните десетина минути поведоа со највисоки шест разлика 15-9. Во завршницата гостинските ракометари сепак успеаа да ја намалат предноста на „минус три“ и на пауза се замина со 17-14.

Во вториот дел гледавме поинаква слика на теренот, Бутел започна да игра подобро и кон средината на овој период го израмни резултатот 20-20.

По неколку минути во кои се играше „гол за гол“ успеаа и да поведат со 24-28. Охрид се врати во финишот и гледавме драматична завршница во која се радувааше гостинскиот состав.

За Бутле по петте порази ова беше прв триумф од почетокот на плеј-офот.