Алушовски е стратег на Вардар, но лапна субвенција како тренер во - РК Алушовски!?

Вкупно 855 спортисти, спортски работници и административци од 24 различни федерации ја искористија помошта од државата за месец април во делот на исплатата на минимална плата во износ од 13.050 денари, меѓу кои има и еминентни имиња кои внесуваат забуна во јавноста како индикатори на можни злоупотреби.

На списокот кој денеска го објави директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски, некако најмногу боде очи името на тренерот на РК Вардар, Стевче Алушовски, кој искористил субвенција како стратег во својот приватен клуб РК Алушовски.

Тоа е малку спорно, бидејќи еден од главните услови за користење на државната субвенција беше барателот да нема други примања од друго место, а тешко е да се поверува дека поранешниот репрезентативец работи без пари во таборот на актуелниот европски шампион. Поединечно по клубови, најмногу корисници има токму од „црвено-црниот“ ракометен првак од каде што 14 ракометари и уште 18. тренери и административци ја искористиле помошта од државата. Според дадениот список, најбројни корисници се членови на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и тоа вкупно 377-мина, додека Ракометната федерација на Македонија (РФМ) поднела барање за 220, а Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) за 126-мина од прволигашките и второлигашки екипи.

Според најавите, ваквите бенефиции ќе може да се користат и за месец мај. Целосниот список на офајдени спортисти и спортски работници го имате ТУКА