Хаџиевски и внук му газат во Бугарија! (ВИДЕО)

Трофејниот македонски тренер Ѓоко Хаџиевски заедно со неговиот внук Георг Стојановски денеска запишаа победа против Ботев Пловдив (3-2) и потврдија дека Спартак Варна се наоѓа во одлична серија во бугарскиот шампионат.

Откако во претходното коло му го загорчија животот на шампионот Лудогорец (1-1), Спартак Варна и денеска беше одлична на теренот.

Стојановски беше одличен и постигна гол во 14. минута од мечот, по што Цонов израмни на 1-1 во финишот на првото полувреме. Спартак Варна го врати водството преку Берна, откако му асистираше македонскиот фудбалер во 50. минута.

Ботев Пловдив повторно израмни преку Окофлекс, но набрзо Берна од пенал стрелаше за 3-2 и триумф на Спартак Варна.  

Спартак Варна веќе шест натпревари по ред не знае за пораз, односно во тој период запиша три победи и три ремија.

Фото: ФК Спартак Варна