Милан во 93. минута се спаси од пораз против Пиза (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Милан ремизира против Пиза (2-2) во осмото коло од Серија А.

Рафаел Леао во седмата минута погоди за предност од 1-0, а „росонерите“ водството го чуваа сè до 60. минута кога Квадрадо од пенал израмни на 1-1.

Во самата завршница од мечот следеше вистински шок за домаќинот бидејќи Нзола стрелаше за целосен пресврт (2-1), меѓутоа Атекаме во судиското надополнување им обезбеди бод на домаќините.

Милан е прв во Серија А со 17 бодови, по што следат Интер, Наполи и Рома со по 15 поени.

Фото: Pisa Sporting Club