Ојарзабал со два погодоци ѝ пресуди на Севиља во Сан Себастијан
Ојарзабал во 19. минута го отвори резултатот од пенал, а набрзо Гудељ стрелаше за 1-1. Сепак, домаќинот ја врати предноста пред крајот на првото полувреме кога Ојарзабал повторно се запиша во листата на стрелци.
Резултатот не се менуваше во вториот дел, па така Реал Сосиедад со новите бодови стигна до 14. позиција и има девет поени, додека Севиља остана на деветто место со 13 бода.
Фото: Real Sociedad de Fútbol