Шортс му даде 15 поени на Виртус, но Панатинаикос загуби во Болоња
Виртус Болоња ја контролираше играта од почетокот на натпреварот, па првото полувреме го доби со 48-35. Не се променија драстично работите ниту во вториот дел, па италијанскиот тим продолжи да ја зголемува предноста до конечни 92-75.
Шортс го заврши мечот со 15 поени, два скокови и една асистенција, додека Нан запиша 19 поени за поразениот тим. Во редовите на Виртус најефикасен беше Едвардс со 22 поени, два скока и една асистенција.
Фото: EPA