Партизан парираше едно полувреме, па се распадна против Париз

Српскиот гигант Партизан доживеа тежок пораз во белградската арена против Париз (83-101) во шестото коло од Евролигата.

Партизан му парираше на разиграниот Париз само едно полувреме, кое заврши во корист на гостите со 48-46, по што почнаа грешките во таборот на „црно-белите“.

Париз знаеше како да го казни тоа, па во третата четвртина создаде двоцифрена предност (71-60), а до крајот го зголеми водството до конечни 101-83.

Најефикасен во победничкиот тим беше Хифи со 21 поен, додека Браун постигна 22 поени за Партизан.

Останати резултати:

Анадолу Ефес – Фенербахче 69-79
Виртус Болоња – Панатиниакос 92-75
Баерн Минхен – Олимпијакос 71-96

Фото: KK Partizan