Хаос во Белград: Масовна тепачка меѓу „гробари“ на мечот против Париз (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан и Париз се соочија во шестото коло од Евролигата, а на трибините во Белград се случи вистински хаос.

Во завршницата од првото полувреме на јужната трибина се случи вистински хаос, кога членови на навивачката група „гробари“ се степале меѓу себе, по што во инцидентот се вклучиле повеќе лица.

На социјалните мрежи беше објавена и снимка од инцидентот на трибините, каде што може да се забележат тензии на трибините.