МЗТ подобар од Ангели, Пелистер се измачи против Маџари
Екипата од Аеродром тргна моќно во мечот и ја доби првата четвртина со двоцифрена предност (26-12), по што продолжи да доминира во остатокот од мечот за на крајот да слави со 78-55.
Најефикасен во победничкиот тим беше Мекејден со 15 поени, додека Ибраими, Балов и Атанасов запишаа по девет поени за Ангели.
Маџари одигра извонредно од самиот старт против Пелистер и ја доби првата четвртина со 25-14, додека на полувреме водеше со 45-33.
Битолчани на стартот на вториот дел успеаја да ја вратат неизвесноста, па дури и да поведат со 59-58. Маџари, сепак, во вториот дел беше многу блиску до победата, но Пелистер во последните минути израмни и изборија продолжение.
Во дополнителните пет минути повторно се водеше голема битка, а на крајот двете екипи стигнаа до 85-85, по што мораше да се игра уште едно продолжение каде што Маџари го загуби здивот, а Пелистер ја запиша победата.
Најефикасен во победничкиот тим беше Прајс со 24 поени, додека Стејплтон имаше 21 поен кај Маџари.