Нема крај на црната серија: Вест хем загуби и од Лидс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лидс триумфираа против Вест хем со 2-1 во деветтото коло од Премиер лигата, со што ја продолжија мизерната серија на тимот од Лондон.

Шокантен почеток на натпреварот имаа гостите од Лондон затоа што по 15 минути веќе примија два погодоци, односно Лидс стрелаше преку Аронсон и Родон.

Надежта за спас на „чеканите“ за момент ја врати Фернандеш во 90. минута, но Вест хем премногу доцна почна да се буди и не успеа да постигне и втор погодок.

Лидс се наоѓа на 13. место со 11 бодови, додека Вест хем е претпоследен со четири поени.

Фото: Leeds United