„Бомба“ од Белград: Партизан пред потпис со засилување од НБА!?

Српскиот кошаркарски гигант Партизан е блиску до потпис со американскиот плејмејкер Камерон Пејн.

Откако српските медиуми објавија дека „црно-белите“ се во преговори со НБА-плејмејкер, познатиот новинар Марк Стајн откри и за кого станува збор.

„Партизан е сериозен кандидат за Кам Пејн, кој беше во тренинг-кампот на Индијана, а сега е ново име на радарот на евролигашот поради повредата на Карлик Џонс“, објави новинарот.

Американецот претходно играше за Њујорк, Филаделфија, Милвоки, Феникс и други екипи.

Фото: EPA