Тиквеш по поразот од Арсими остана без тренер!

Македонскиот прволигаш Тиквеш повторно разочара во Првата лига, откако загуби од Арсими со 3-4, а тоа предизвика промени во стручниот штаб на екипата од Кавадарци.

Тренерот Ѓорѓи Мојсов, заедно со помошникот Христијан Кировски и кондициониот тренер Трајче Оршеков, поднеле оставка по денешниот неуспех против Арсими.

„После денешниот пораз, управата на клубот ја прифати оставката на стручниот штаб предводен од тренерот Ѓорѓи Мојсов, помошниот тренер Христијан Кировски и кондициониот тренер Трајче Орешков, како резултат на неочекувано слабите резултати оваа сезона. Им се заблагодаруваме за долгогодишниот ангажман во ГФК ТИКВЕШ, особено на Мојсов и Орешков со кои клубот го постигна историскиот успех и му посакуваме успех во нивните кариери“, соопшти Тиквеш.

Тиквеш информира дека во моментов води преговори за ангажман на нов стручен штаб и наскоро се очекуваат повеќе детали.