Платини: Поминав низ пекол, сега е време за одмазда!
Сè почна во 2015 година кога беше обвинет за измама, како и давање мито на поранешниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер.
„Бев изненаден. Тоа се случи во ФИФА за време на состанок на извршен одбор со многу новинари. Беше чудно, а ФИФА ме критикуваше. Ми кажаа дека сум корумпиран, не сакаа да бидам претседател. Со мене беа многу луѓе, но тие сакаа да се ослободат. Најлошо му беше на моето семејство. Лут сум на тие што ме повредија, ќе се борам против неправдата. Почнува мојата одмазда“, кажа Платини.
Платини беше на чело на УЕФА од 2007 до 2016 година.