Синер го растури Бублик за полуфинале на турнирот во Виена
Синер успеа да му го одземе сервисот на Бублик во седмиот гем (4-3), по што сервираше без проблеми за да слави со 6-4.
Бублик повторно имаше проблеми на свој сервис, а тоа го искористи Синер во петтиот гем за да направи нов брејк и да поведе со 3-2, по што со сигурна игра стигна до 6-4.
Италијанецот за финале во Виена ќе се бори против Алекс Де Минор.
Фото: EPA