Позната цената на влезниците за натпреварот Македонија - Летонија

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги одреди цените на влезниците за натпреварот со Летонија кој Македоија ќе го игра на 13 ноември во Скопје.

Дуелот со Летонците за избраниците на Милевски ќе биде подготовка за последниот натпревар во квалификациите за Светското првенство во кој ќе играме против Велс во Кардиф.

Во употреба ќе бидат пуштени само северната и јужната трибина и билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 200 денари.

Како и на последните домашни натпревари и во овој дуел влезот за младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ ќе биде бесплатен.

Исто така денска беше одлучено и билетите за натпреварот од квалификациите за Европското првенство на репрезентацијата до 21 година против Полска да се продаваат по цена од 200 денари. Тој натпревар кој е закажан за 18 ноември ќе биде одигран на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.