Алкалоид лесно си ја заврши домашната задача против Бутел - убедлива победа!

Ракометарите на Алкалоид рутински дојдоа до триумф над тимот на Бутел совладувајќи го со 32-25, Пелистер 2 со 26-24 триумфираше на гостувањето кај Пролет.

Момците на Кире Лазаров без проблеми дојдоа до планираните бодови од мечот со Бутел. Победникот беше решен уште во првото полувреме кое Алкалоид го доби со 18-13.

Во вториот дел само ја задржаа предноста за на крајот да слават со 32-25.

Вториот тим на Пелисте го изненади Пролет на негов терен. Скопскиот тим имаше водство по првото полувреме од 14-13. Но битолчани направија пресврт во вториот дел и дојдоа до победа од 26-24.

Најнеизвесно беше на дуелот меѓу Струга и Куманово кој го добија домаќините со 26-25.