
Охрид го уништи Баки во Европскиот куп, победа од 33 гола разлика!
Македонскиот тим покажа дека е за повеќе класи подобар од азербејџанскиот претставник, Баки делуваше како аматерски тим во споредба со ракометарите на Охрид.
Момците на Борис Ројевиќ доминираа од првата до последната минута, на полувремето беше 24-7 за Охрид. Во вториот дел Охриѓани продолжија да го мелат противникот до конечни 44-11.
Анте Иванковиќ со девет гола од десет шута беше најдобриот ракометар на Охрид, Дарко Ѓукиќ постигна шест. Во составот на Баки, Мамадов реализираше четири.
Реваншот меѓу ГРК Охрид и Баки се игра веќе утре (недела) со почеток од 18 часот, исто така во салата „Билјанини Извори“.