Халанд најбрз до 50 гола во последните 100 години

Со хет-трикот против Израел денеска, напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд ја мина границата од 50 гола во репрезентативниот дрес, а за тоа му беа потребни само 46 натпревари.

Ако се спореди со најдобрите фудбалери на денешнината, Халанд е далеку пред нив бидејќи, на пример, на Хари Кејн му беше потребен 71 натпревар, на Мбапе 90, на Меси 107, а на Роналдо дури 114 натпревари за да постигнат 50 гола. Халанд веќе има 12 погодоци во квалификациите за Светското првенство и многу веројатно ќе биде најдобар стрелец во овој циклус.

Сепак, неговите 46 натпревари за бројката од 50 гола не е апсолутен светски рекорд. Него го држи пооранешниот дански фудбалер Поул Нилсен кој во 1925 година стигнал до овој јубилеј со само 36 натпревари.