Албанците полудеа од свирежите на химната во Лесковац: „Тоа се тие нецивилизирани Срби“ (ВИДЕО)

Натпревар на денот во квалификациите за Светското првенство е дуелот меѓу Србија и Албанија кој директно одлучува за второто место во групата К.

Дуелот се игра во Лесковац, а недели наназад имаше тензија во јавноста поради добро познатите односи меѓу двете земји. Кулминацијата се случи пред почетокот на натпреварот кога буквално не се слушна албанската химна поради свирежите од трибините на стадионот „Дубочица“.

Тоа ги изнервира Албанците кои ги преплавија социјалните мрежи со коментари за однесувањето на српските љубители на фудбалот.

„Тоа се тие нецивилизирани Срби кои свират и ја навредуваат албанската химна“, „Ваков начин да се исвирка химна е нереален“, „Србија зборува за почитување и антирасизам, а пет секунди подоцна се свири на химната“... се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Тукушто почна натпреварот, од трибините се слушнаа и скандирања „Косово-Србија“ кои траеја десетина минути.