
Победата на Албанија се слави и во Тетово, Куманово, Скопје... (ВИДЕО)
Веднаш по натпреварот голем број навивачи на Албанија излегоа на улиците низ Скопје, Куманово, Тетово...со цел да ги прослават важните три бода во битката за пласман на Светското првенство. Улиците каде што се слави победата се и целосно блокирани за сообраќај.
На некои од автомобилите, покрај албански знамиња, се веат и знамиња со обележјата на УЧК. Засега, не се пријавени инциденти, но за тоа е заслужна полицијата која не им дозволува на автомобилите да се упатат кој центарот на Скопје.