
Голчиште, па провокација: Манај ги стресе Србите, па „леташе“ орли (ВИДЕО)
Албанците немаа доминација во овие 45 минути, но ја искористија својата единствена сериозна акција за да ја затресат противничката мрежа, а моментот го искористија и за да ги провоцираат домашните навивачи.
Веднаш по постигнувањето на голот, Манај гестикулираше со рацете во вид на „летање“ орли што за Србите е провокација од најтежок вид. За среќа, никој не реагираше на тоа, па полувремето заврши мирно и фудбалерите без проблеми заминаа во соблекувалните. За своето однесување Манај доби жолт картон, но тоа не ја помати неговата среќа.