Халанд двапати промаши пенал, па даде хет-трик и го потопи Израел! (ВИДЕО)

Норвешка со убедливи 5-0 го победи Израел во меч кој го одбележа нивниот најславен фудбалер, Ерлинг Халанд.

Халанд имаше кошмарно влегување во мечот откако доби пенал во петтата минута, промаши, па судијата му даде повторно да го изведе поради неправилно позиционирање на голманот, но норвешкиот напаѓач пак не реализираше.

Ѕвездата на Манчестер Сити како да се изнервира од промашувањето и до крајот на мечот даде три гола со што комплетираше хет-трик. 

Останатите два погодоци беа автоголови на израелските фудбалери.

Во вториот меч од овој термин, Унгарија ја победи Ерменија со 2-0.

Фото: EPA