
На ФИФА ѝ се допадна Светското клупско првенство па подготвува голема промена!
Светското клупско првенство е замислено да се одржува на секои четири години, следното е закажано за 2029 година.
Но, ФИФА планира да направи една голема промена, челниците на светската фудбалска организација сега сакаат ова натпреварување да се игра на две години.
Доколку предлогот биде усвоен, тој би стапил на сила по 2029 година, што значи дека третото СКП би се одржало во 2031 година.
Клубовите кои учествуваа инкасираа сериозни пари, па никој не се пожали затоа што имаат повеќе натпревари од досегашните.