
Брегалница го доби дербито против Скопје и се врати на врвот!
Фудбалерите на Брегалница го искористија домашниот терен и дојдоа до важна победа против ривал кој се бори за влез во првата лига.
Резултатот го отвори Стефан Костов со погодок во 17. минута, а конечните 2-0 ги постави Калпачки со погодок во шестата минута од судиското продолжение.
Со оваа победа Брегалница се врати на првото место во втората лига, има ист број на бодови како и Шкендија Арачиново, но подобра гол разлика.
Претходно се одиграа останатите натпревари од осмото коло и постигнати се овие резултати:
Тетекс – Шкендија Арачиново 1-2
Осогово – Беласица 3-1
Победа – Слога Виница 3-0
Каменица Саса – Преспа 3-0
Кожуф – Детонит 0-0
Новаци – Охрид 0-1
Вардар Неготино – Големо Коњари 4-0