Алкалоид ја почувствува „Сунел Арената“ - момците на Лазаров подготвени за историското финале! (ФОТО)
Македонскиот претставник ќе се соочи со силниот грчки тим на „Сунел Арена“ во Атина, а средбата започнува во 18:00 часот.
Избраниците на Лазаров се максимално мотивирани во натпреварот утре да обезбедат позитивен резултат за реваншот во Скопје кој е на програмата наредната недела.
Утрешниот натпревар ќе може да се проследи во директен пренос на МРТВ.