Жирона не смета на Миовски, Македонецот пред враќање онаму каде што беше најдобар!

Бојан Миовски минатото лето пристигна во редовите на Жирона од Абердин, а според последните најави на медиумите, македонскиот голгетер е блиску до враќање во шкотскиот фудбал каде што прикажуваше одлични настапи.

Како најсериозен да го доведе во своите редови се споменува гигантот Ренџерс. Жирона за Миовски плати 6.5 милиони евра, меѓутоа во Шпанија Миовски не се прослави и постигна само четири гола на 24 настапи, два погодоци беа во купот против нисколигашот Екстремадура.

Како најава за заминувањето на Миовски може да биде неговото изоставување за натпреварот против Виљареал в недела.

Новинарот Нил Сола најавува дека Ренџерс сака да го доведе Миовски на позајмица со право на откуп на крајот од сезоната, Жирона сигурно дека ќе се обиде колку што е можно да врати дел од вложените 6.5 милиони евра.

Покрај Жирона и Абердин, Миовски во кариерата беше ел уште од МТК, Ренова, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Брегалница каде што ја започна кариерата.

Фото: Girona FC/X