Томовски фантастичен против силниот Мелсунген - даде и гол!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше уште еден блескав настап на голот на Битингајм во ремито со Мелсунген 31-31.

Мелсунген важеше за голем фаворит во дуелот, но на крај мораше да се спасува и од пораз. Пред крајот Битингајм водешѓе со два разлика, меѓутоа по две грешки во нападот фаворитот се врати и извлече бод.

За бодот на Битингајм, Томовски беше еден од најзаслужните затоа што средбата ја заврши со одлични десет одбрани и еден постигнат гол. Во нападот се издвои Максим Орлов со седум гола, додека за Мелсунген Рејнир Тор Стефасон броеше до девет.