Црна Гора го прегази и Кипар: Без пораз се сели во Б-дивизија од Лигата на нации!
Осмајиќ во петтата минута донесе предност за гостинската екипа, додека Кипар израмни преку Питас од пенал во 52. минута.
Фудбалерите на Црна Гора до крајот на средбата постигнаа уште три гола, и тоа преку Вукотиќ и Крстовиќ (два погодоци) за да слават со 4-1.
Црна Гора го освои првото место во групата со 16 бодови, односно двојно повеќе од Кипар.
Фото: Facebook/Fudbalski savez Crne Gore - Football Association of Montenegro