Масовна тепачка на пријателски натпревар: Судијата покажа пет црвени картони! (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар меѓу Њујорк Ред Булс и Клуб Америка се претвори во вистински хаос, откако во финишот на средбата се случи масовна тепачка во која учествуваа фудбалери од двете екипи.

Натпреварот се одигра во Њу Џерси и заврши со минимална победа на американскиот тим од 1-0, но резултатот остана во сенка на случувањата во 85. минута.

Сè започна по еден прекршок во близина на гол-аут линијата, кога вербалната расправија меѓу играчите набрзо прерасна во туркање, а потоа и во физичка пресметка.

Судијата на крајот подели дури пет црвени картони, а сцените од инцидентот брзо се проширија на социјалните мрежи.