Малус го напушта Вардар и се сели во - Швајцарија?!

Една од најголемите ѕвезди на македонскиот шампион Вардар, Јака Малус би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната. Словенечките медиуми пишуваат дека ќе се пресели во татковината, но ние дознаваме дека е пред договор со Криенс Луцерн.

Словенечките медиуми објавија дека средниот бек е на излезна врата од скопскиот клуб, а тие како потенцијални дестинации за Малус ги споменуваат Целје, Слован и Тримо Требње.

Малус пристигна во Вардар како засилување од кое се очекуваше да донесе дополнителен квалитет и креативност во бековската линија, но во меѓувреме се наметна како важна опција во составот на „црвено-црните“, па неговото евентуално заминување ќе биде голем удар за македонскиот шампион.

Засега не е познато дали словенечкиот ракометар би го напушти Вардар во текот на сезоната или по завршување на истата.