Милосављев ја отвори душата: Кога играв за Вардар, најмногу уживав во ракометот! (ВИДЕО)
Милосављев откри дека во скопскиот гигант немал добар договор, поради проблемите со кои се соочуваше Вардар, но и покрај тоа најмногу уживал во спортот.
„Јас во Вардар кога бранев, кога ја освоивме ЛШ, немав стрес. Тогаш најмногу уживав во ракометот. Немав ниту добар договор, ништо не беше како што треба, но самиот начин на ракометот ми даваше најголемо уживање“, кажа Милосављев.
Милосављев бранеше за „црвено-црните“ во сезоната 2018/19, кога се закити со неколку титули, по што замина за Фуксе Берлин.