Зидан објасни во какви односи е со Мбапе: Луѓето зборуваат глупости!
Француската фудбалска легенда призна дека ваквите приказни му пречат и нагласи дека односот со Мбапе е целосно нормален.
Напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти дуелот со Италија поради проблем со задната ложа, но се врати на тренинзите и ќе биде на располагање за натпреварот со Турција.
„Не разбирам зошто се пишува за тоа. Сè функционира совршено. Не можам да ги спречам луѓето да зборуваат, но тоа се глупости. Штета е и навистина ме нервира“, кажа Зидан.
Фото: Facebook/Équipe de France de Football